ЗА МИЦКОСКИ ПРОЕКТОТ СО ,,БЕХТЕЛ И ЕНКА” Е НЕТРАНСПАРЕНТЕН И ЗАТОА НЕ ГО ПОДДРЖУВА

0
526

Прашан за важноста што на овој проект му ја придава ДУИ и како тој би се поставил кон него ако стане премиер и треба да го имплементира, Мицкоски рече дека „ништо не треба да се имплементира“
Tакви проекти нема да имаат поддршка, ниту од мене, ниту од ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали ќе биде фрлена првата, втората, петтата или седмата лопата, рече лидерот на опозициската партија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат рече дека не го поддржува кој било проект што се води надвор од очите на јавноста на нетранспарентен начин, па и проектот за изградба на автопати од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

„Еден закон се донесе. Инаку, имаше предлози да се донесат и други закони кои ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа и со активната блокада ги блокира и нема да ги поддржи зашто тие закони предвидуваат нешто што јас како човек, но и од името на ВМРО-ДПМНЕ зборувам, не можеме да ги поддржиме, бидејќи е нетранспарентен процесот. Без разлика која е фирмата, без разлика која е компанијата, ние не можеме да поддржиме процес што е нетранспарентен“,вели тој.

Прашан за важноста што на овој проект му ја придава ДУИ и како тој би се поставил кон него ако стане премиер и треба да го импелемтира, Мицкоски рече дека „ништо не треба да се имплементира“.

„Јас не мислам дека морам нешто да направам… Да бидам искрен јас не знам што се случува и до каде е статусот на овој проект. Многу одамна не сум имал информација поврзана со овој проект. Минатата година, некаде после локалните избори, имав некаква информација дека се подготвуваат некакви законски решенија кои практично го суспендираат законодавството и Уставот во Македонија. Ќе повторам дека такви проекти нема да имаат поддршка, ниту од мене, ниту пак од ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали ќе биде фрлена првата, втората, петтата или седмата лопата итн.“,рече Мицкоски.
Мицкоски вели дека поддржува инвестиции, особено во патната инфраструктура, но во транспарентна постапка.

„Инаку, да не бидам погрешно разбран, како човек секогаш ќе поддржувам инвестиции, посебно инвестиции во патната инфраструктура, тука да нема дилема, но тие инвестиции мора да бидат транспарентни, да не се кријат од очите на јавноста и да бидат на принципот на пазарната економија. Ќе се повикам на една сега веќе поранешна амбасадорка на една многу влијателна држава во светот која кажа дека довербата на граѓаните во судството е многу ниска односно е едноцифрен процент. Ако ние туркаме вакви проекти на сила, таа доверба ќе биде нула“,
смета тој.