За Кривичниот суд снимката со дадилката која малтретира бебе е прифатлив доказ

0
925

Судот не го прифати барањето на адвокатот на дадилката Т.С., осомничена за кривично дело „запуштење и малтретирање малолетно дете“, да ја издвои снимката од камерата како доказ во судската постапка. За Кривичниот суд ваквото барање е неосновано.

sud1

„Бранителот на осмоничената во барањето навел дека снимката приложена во доказниот материјал претставува доказ кој е прибавен на незаконски начин, бидејќи не е добиена како резултат на Посебни Истражни Мерки (ПИМ) во согласност со ЗКП и потврдата за привремено одземени предмети и наредбата за вештчње се доказ кои произлегуваат од незаконски направена снимка, па затоа во согласност со законските одредби побара цитираните докази да се издвојат и истите да не претставуваат доказ во понатамошниот тек на постапката“,соопштуваат од судот.

Но, судот велат дека по добивање на барањето, судијата на претходна постапка прибавил увид во предметот со кој на осомничената и беше определен мерка притвор. Побарал мислење од Основното јавно обвинителтво и извршен е увид, по што одлучил дека прибавената снимка е прибавена на законит начин и е извадена од мемориска картичка, која, пак, претходно била дадена на МВР од таткото на оштетеното малолетно дете, за што е составена и потврда за привремено одземени предмети.

„Имено судијата на претходна постапка цени дека прибавената снимка, која што ја оспорува бранителот, согласно чл 250 ст.1 од ЗКП, може да служи како доказ во кривична постапка, иако за конкретниот кривично правен настан не е издадена посебна истражна мерка од страна на судот, бидејќи, видео материјалот е снимен во приватен имот, односно станот кој е во сопственост на таткото на оштетеното малолетно дете, а видео камерата била поставена пред се за заштита на приватноста на станот и безбедноста на сега оштетеното дете“, соопштуваат од судот.