ЗА ЕДНА ГОДИНА ВЛАСТ НЕ Е ЛОШО : 53% од граѓаните мислат дека Заев работи добро!

0
2556
Премиерот Зоран Заев доби 3 доверба од граѓаните, на скала каде пет е највисока оценка, покажуваат резултатите од анкетата која ја спровеле МЦМС и Телма.
Според резултатите од анкетата за првите 12 месеци во Владата, средната оценка за премиерот Заев е: 2.78.
Најниска оцена – единица, Заев добил од 26 отсто од испитаниците, 22.2 проценти го оцениле со тројка, додека 15.5 отсто со четворка. Петка добил од 15.2 отсто, додека 14.4 отсто му дале двојка.
Ако земеме дека од три па нагоре значи добар, многу добар и одличен, гледаме дека дури 53% од граѓаните мислат дека тој и владата работат добро, што не е лошо засега, веруваме дека овој процент во иднина само ќе расте откако ќе се видат и резултатите од работата на владата.
Она што е интересно е што овие проценти се постигнати без речиси никаква пропаганда и јавна кампања во услови на тотална медиска хистерија за нај банални глупости!