Зајко бее, а „чукулада“ за Дон Амди…

0
1596

Некрунисаниот крал на Ромите во Македонија, вмровскиот брат дон Амди Бајрам, по невообичаено за него подолг молк во јавноста, ете го, се јави денеска преку Вест. Очекувано, дон Амди си ја брани сестра Гоци. Па шо ако викала ЦИГАНИ, за побратимот Роми или Цигани било исто.

aco-kabranov

Немам намера овој кловн на македонската политичка сцена, во ова НЕСРЕЌНО време за државата да го анализирам, уште помалку да го разберам или оправам. Едноставно, тој е тој, политичарот за сите вмровски времиња. Во времето на Љубчо, брат Љубе му даде џип од УБК да бил безбеден, сега во времето на Грујо е уште поглавна фаца, која за жал, по потреба на побратимте вмровци, изрентан е, да покажува и среден прст на Македонци отпораши.

Неисе, штом почнаа фрките помеѓу позиција и опозиција, дон Амди се притаи, знае човекот, во невреме бегај, криј се, да не му се разлее криминалот, пардон, путерот низ таа негова некрунисана глава. А колку врхушката на ВМРО-ДПМНЕ полага во него, инвестира, со задача да биде господар на сиротите ромски души.

Но, велат дон Амди ништо не прави за џабе. Ако на баловите му ја пее на увце на вождот Никола, онаа де „и зато ја осеќам све твоје боли, пријатељу мој…“

Како да не, осеќал, ма ќе фати магла исто како што бегаше од Љубе кога падна од власт и во широк круг пред камерите изјавуваше дека бега подалеку од затворот во Шутка и не му е на крај памет да го посети братот Љубе.

Туку не е проблемот толку во Амди, преварант си е преварант, проблемот е во тие што од таков човек прават, жално но вистинито, политичар, и за тоа верувале или не ДЕБЕЛО го наградуваат години на ред.

Знае Амди дека штом падне братот на кој тој му ги осеќа сите болки, дека морковот што на митинг му го препорачуваше на ЗАЈКО, се разбира за евтина забава на вмровци, нема да го лапне КУКУРАЈКО туку тој. Си знае човекот, ако викаше дека „ЧУКУЛАДАТА“ ги искркал Зајко а нив им ја оставил хартијата, дека не е баш така. Кркал Амди „чукулада“ од побратимите, свесен е дека еден ден и тоа како и платното од Љубе ќе излезе на виделина. Стравот му е дека пак може во некој затвор ко во Штип пак  во најдобра варијанта да го уредува затворскиот весник.

Чинам Гоци нема ни да сака, ни да има време, да објаснува и да брани, зошто негова туристичка агенција депортираше Роми во Германија, и ни го загрози визниот режим. Не ќе имаат време ни Гоци ни светиот Никола да го одбранат од гневот на закупците и газдите на дуќаните во трговскиот центар, за деспотијата и авантата што им ја земаат полуписмени директори, блиски роднини поставени од дон Амди.

Но, велат има и пострашно, ковање некакви франци, монети, се разбира фалсификат, во ноќна смена, наводно во некој хангар во неговата Весела долина. Да, да, Ромите се вешти ковачи, и Амди напреднал, од перач на џинс платно се усовршил, така раскажуваат, во ковач на франци. Ма ковал и бутал у вреќи, ама на крај, по се изгледа го фатиле, странците, и да, дознале, се разбира, оти премиерот и неговата свита ќе си молчат оти тие го љубат дон Амди. Чинам, ќе му гледале низ прсти, колку и да е тоа што го правел, повеќе од срам за државата. Ако има вистина во ова, а тврдат има, еден ден странците ќе ја испорачаат и таа сметка. Значи Амди јадел „чукуладо“ а папирите или хартијата како што вели тој, завршувале можеби во огнот што ја распалува мешината, за да се зажари металот од кој се коваат потковици но и пари. Што ако наместо морков за Зајко, Амди добие „чукуладо“, а…

Епа, затоа, можеби од што си ја има мувата на капата, џипси кингот, во последно време е притаен. Сепак денеска мораше да и припомогне на сестра Гоци и на неговите традиционални политички партнери. Можеби во нив го гледа спасот, барокниот стиропор да ги покрие криминалите во трговскиот центар, а лажните монети со нивна припомош да се заборават.

Само, драг мој ДОН АМДИ, чинам овој пат, ќе биде како што ти викаш, ДОЦКАН.  Некако како да си се преиграл, заедно со коалициските побратими. А вие, драги мои Роми, не лутете му се дека вика оти ЦИГАНИ и РОМИ е едно исто. Тој вас ви има направено пострашни работи, вие него, чинам, му РОБУВАВТЕ за корка сув леб. Грешката што му дозволивте да биде некрунисан крал на вашата ВЕСЕЛА ДОЛИНА, искрено мислам дека пред се сепак е ВАША.

Ацо Кабранов