ЗАСЛУЖЕНО: Европратеници ќе ги подржат Заев и Ципрас за Нобелова награда за мир

0
1081

Политичките лидери на три партии во Европскиот парламент – Удо Булман од социјалдемократите, Ска Келер од зелените и Габи Цимер од левите се потпишаа на декларирана поддршка за македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, за добивање на Нобеловата награда за мир за 2019-та.

Во соопштението, кое го поддржаа водачите на трите европарламентарни групи се нагласува дека “Преспанскиот договор меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија завршува со долгогодишен конфликт и носи стабилност кон Западен Балкан “.

Уду Булман, Ска Келер и Габи Цимер исто така забележуваат дека Преспанскиот договор, „ратификуван од законодавниот дом во Грција и Северна Македонија,е исто така модел за мирно решавање на меѓународните спорови преку дијалог и меѓусебни компромиси. Алексис Ципрас имаше политичка храброст да продолжи со договорот и покрај националистичката опозиција “.

Во својата заедничка изјава тројцата лидери нагласуваат дека “Од сите овие причини ја поддржуваат иницијативата на Нобеловата награда за мир да им се даде на Алексис Ципрас и Зоран Заев”.

Во оваа иницијатива, од претходно учествува потпретседателот на Европскиот парламент, Димитрос Пападимулис, а и други европски политичари се очекува да ја потпишат оваа заедничка декларација за овогодинешниот избор за лауреат.