Заради Шарената револуција, Мијалков доцнел на балетот на сопругата Александра

0
1199

Вчера вечер во зградата на МОБ се одржа премиерата на балетската претстава Црвената соба во која настапила и првенката на МОБ, примабалерината Александра, сопруга на екс разузнавачот Сашо Мијалков, пишува Либертас.

И на оваа премиера, како и секогаш, Мијалков бил присутен за да и даде поддршка на својата сопруга. Сепак вечерва за малку нема да успеел да биде на премиерата а причина за тоа биле блокадите од демонстрантите на Шарената револуција.

Мијалков заедно со постариот син со автомобилите заглавиле бидејќи тука пред Министерството за надворешни биле демонстрантите и патот кон МОБ кој е веднаш до министерството бил блокиран, и било невозможно да ја избегне колоната демонстранти.

Публиката во салата на МОБ извесно време зачудена зошто доцни преставата чекала и на крај почнала да аплаудира за да потсети дека чекаат старт на премиерата. Претставата на крај започнала без сопругот Мијалков кој сепак по 10 минути, според очевидци, се појавил со постариот син и седнале да ја проследат.

Друштво на Мијалкови им биле менаџерот од Трето уво, Иво Јанковски и неговата сопруга. Овој пат, велат изворите на Либертас, за прв пат немало многумина од познатите фаци кои секогаш милувале да бидат видени и забележани дека се на преставите на кои настапува примабалерината- сопруга на Мијалков.

Извор: Либертас