Thursday, May 8, 2025
11.8 C
Skopje

ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП, ДИМЕ БОЗОСКИ СО ДЕМАНТ: ОБЈЕКТОТ КОЈ ГО РЕКОНСТРУИРАМ ИЛИ ПОПОЗНАТ КАКО ,,КАМЕН МАГАЦИН” НЕ СПАЃА ВО ОБЈЕКТИ ОД ЗАШТИТНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Заменик градоначалникот на Општина Прилеп, Диме Бозоски кој е познат и локален бизнисмен на свој фамилијарен бизнис, деновиве според него како што тврди во самиот демант е предмет на хајка, лажни наводи и тврдења по одредени медиуми и социјални мрежи.

Водејќи се од фактот што е носител на јавна функција како втор човек на Општина Прилеп, но и од личен и семеен авторитет тој на својот фејсбук профил објави прецизни наоди од страна на ,,НУ Завод за заштита на спомениците и културата и Муеј – Прилеп со што ја известува јавноста за погоре наведената хајка и лажни конструирани наводи.

Демантот на заменикот градоначалник на Општина Прилеп каде имено се работи за објектот уште попознат како ,,Камен магацин”, Диме Бозоски ви го пренесуваме во целост :

ДЕМАНТ

Од страна на повеќе веб портали, како и на социјалната мрежа “facebook” беа објавени текстови дека јас како заменик градоначалник на град Прилеп незаконски сум уривал и градел заштитен објект од културно наследство.

Во целост ги демантирам овие наводи и тврдења, кои беа изнесени и објавени по веб порталите и на социјалните мрежи. Предметниот објект на улица Браќа Ламески во Прилеп не спаѓа во категоријата на објекти кои се под заштитно културно наследство, за што во прилог на овој демант објавувам и известување од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп.

Невистинити и неосновани се изнесените наводи дека предметниот објект се гради незаконито, за овој проект е постапено согласно закон и истиот поседува соодветна документација издадена од страна на надлежна институција, односно постои Основен проект, како и Решение издадено од ЕЛС Општина Прилеп.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ