ЗАКОНСКИОТ РОК ИСТЕЧЕ, СУДЕЊЕТО НА ГРУЈОВСКИ ЗА ПАЛЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ОД МВР НЕ Е ЗАКАЖАНО

0
1118
Судскиот процес против ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и шестмина вработени во Управата, кои уште на 25 септември беа обвинети од Специјалното јавно обвинителство за противзаконско палење 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување, уште не е закажан. Законскиот рок од еден месец помина, а датум кога ќе почне ова судење, се уште не е одреден.
Во Основниот суд Скопје 1 за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека судењето ќе биде закажано следниве денови, за што јавнота ќе биде веднаш информирана. Оттаму објаснуваат дека датум се уште нема, оти СЈО бараше изземање на судијката кај која се падна овој случај. Името на судијката се слуша во бомбите на опозицијата како „сваровски судијката“ и тоа беше причината поради која специјалната обвинителка Катица Јанева бараше нејзино изземање.
Целиот текст ОВДЕ