Заев: 34.000 денари просечна плата до крајот на мандатот

0
1010

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев верува дека до крајот на мандатот ќе успее да го исполни даденото ветување од 500 евра просечна плата и 20 илјади денари минимална плата.

На денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во првите 100 дена, Заев рече дека доколку не се случела ковид кризата, тогаш досега сигурно би се реализирало ветувањето за 500 евра просечна плата.

– Просечната плата со последните мерења беше 458 евра. Застаната е заради Ковид кризата. Досега верувам дека 500-те евра ќе беа достигнати.

Нашето ветување е 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата до крајот на овој владин мандат, а тоа е летото 2024 година.

Верувам дека ќе успееме. Секако се надеваме дека на пролет ќе одмине кризата, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена.