Заев ќе ја рокни 35-тата „бомба“ во 18 часот од кампот пред владата

0
1306

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, преку својот Фејсбук профил ја најави 35-та „бомба“ на опозицијата, која ќе биде објавена од кампот пред владата.

„Инаку, денешната трибина во Кампот на слободата (18.00 часот) има бајаги бомбастична најава. #35“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Според програмата, за вечерва од 18 часот е најавена дискусија насловена како „СКОПЈЕ 2014 НИЗ ПРИЗМАТА НА ГРАЃАНИТЕ”, што укажува на тоа дека денешната „бомба“ би била поврзана со овој контроверзен проект.

zaev kk4

Говорници на дискусијата, веднаш по „бомбата“, ќе бидат:

– Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
– Елеонора Петрова Митевска, универзитетска професорка
– Даница Павловска, иницијатива “Го сакам ГТЦ”
– Небојша Вилиќ, универзитетски професор
– Владимир Вангелов, граѓански активист
– Александар Вујиќ, граѓански активист
– Роберт Алаѓозовски, есеист и критичар

Од 20:30 до 22:00 ќе има настап Amon Mra – Songs of Freedom.