Заев: Ќе поддржиме една изборна единица, тоа е добро за демократијата

0
990

СДСМ ќе го поддржи предлогот за пропорционален модел со една изборна единица. Ова денеска го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој кажа дека не е против дијаспората да гласа на овие избори. Според Заев, со ова решение за една избирна единица се решава и проблемот со дијаспората, односно нивните гласови ќе се рачунаат заедно со гласовите во Македонија.

zaev ny

Според него, СДСМ ќе го стави на маса и ќе го поддржи овој предлог зашто е добро за демократијата и на тој начин без разлика што поголемите партии ќе изгубат пратеници, ќе има можност повеќе партии да влезат во парламентот.

Партиите според Заев се блиску до договор за регистрација на избирачкиот список. Според информациите, најверојатно ќе се оди со регистација по домовите.

За Јавниот обвинител СДСМ има законско решение и тој предлог ќе биде доставен до сите страни во договорот, политичките партии и меѓународната заедница. Специјалниот јавен обвинител треба да биде комплетно автономен, со заменици обвинители, и без никаков допир и зависнот од јавното овинителство и Зврлевски.