ЗАЕВ ЌЕ ОДИ НА ВОДНО ДА МУ МЕЊА ПЕЛЕНИ НА ИВАНОВ, ПАК СЕ ПОСРА, ОВОЈ ПАТ ЗА ТЕМАТА ГУВЕРНЕР

0
1427

Фикусот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев денеска треба да одржат втора средба за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка на РМ, кој треба да биде заокружен на крајот на месецот, потврдија од кабинетот на премиерот.

Средбата е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го поддржува предлогот што неодамна го даде претседателот Иванов актуелниот гувернер Димитар Богов повторно да ја извршува оваа функција.

– Ова е сериозна институција, јас верувам дека по пат на кохабитацијата и дијалогот којшто го имаме ќе изнајдеме решение. Правото е апсолутно на претседателот да предложи, но правото е и на парламентарното мнозинство да избере гувернер, изјави завчера Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Оваа институција, дополни, мора да ја држиме професионална. Разговараме за експертски решенија, не за партиски решенија, кои што и понатаму би ја чувале монетарната политика стабилна, затоа што и нас како Влада тоа ни е од голема важност за да можеме да ги креираме другите економски политики, наведе Заев.

Тој вели дека за предлогот на Иванов се информирал од медиумите и оти немале повторна средба по одржаната во март кога шефот на државата му кажал со кого разговара и со кого имал намера да разговара.

– Тогаш заклучивме дека прво треба тој да разговара со актуелниот гувернер Богов дали ќе прифати. Ако прифати Богов и претседателот одлучи да го предложи, би ми соопштил мене за да разговарам со парламентарното мнозинство. Јас за одлуката слушнав од Собранието и од медиумите, рече Заев.

Инаку, седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер истекува на 21 мај годинава. Согласно Законот за НБРМ, гувернерот се избира на предлог од Претседателот, кој го доставува до Собранието и се гласа на седница со просто мнозинство.