Заев ја доби првата судска битка : Наумов му го нарушил угледот на Заев со клевети за земено мито

0
1131

zaev-stip

Штипски бизнисмен во мај годинава на еден од електронските медиуми во земјава го нарушил угледот и честата на лидерот на опозицијата Зоран Заев, ваква пресуда денеска беше донесена во штипскиот Основен суд. Бизнисменот Мики Наумов тогаш изјави дека на Заев му дал мито од 39.000, од кои 35.000 евра на рака, за да добие атрактивен простор во трговскиот центар Глобал, пренесе Телма.

Заев кој и покрај тоа што барал од судот штипскиот бизнисмен за нанесената штета врз неговиот углед и чест да му исплати еден милион денари, a судот одлучи паричниот надоместок да биде 150.000 денари, е задоволен од денешната судска пресуда.

Според него токму оваа одлука на судската власт покажува дека има надеж за македонското правосудство, кое брзо ја донесе пресудата.

Смета дека оваа одлука ќе предизвика и враќање на вистината и сите залоупотреби кои беа ставен како товар врз него од страна на како што вели владејачките медиуми, а инструирани од страна на привразаници на власта.

Ова е прва тужба годинава, но и пресуда, која штипскиот Основен суд ја донесе за клевета.

Ве потсетуваме на изјавата на Наумов која беше топ тема на сите провладини медиуми на 17 мај – истиот ден кога беше организиран масовниот антивладин протест пред Владата.

https://www.youtube.com/watch?v=v5Blw8AkiyY