Заев: Шилегов ја има мојата поддршка за нов мандат, не само затоа што ми е другар туку и затоа што добро си ја работи работата!

0
1310

-Шилегов кој е и мој другар и го почитувам врз основа на се што како проекти во изминативе 4 години ги реализира за доброто на граѓаните на Скопје, ја има мојата лична поддршка за уште еден мандат – изјави Заев како одговор на прашањето дали стои зад Шилегов да се бори за нов мандат за градоначалник на Скопје.

Заев на промоција на стартот за реконструкција на Универзалната сала во Скопје додаде дека сепак е рано за кандидатурите на градоначалници и советници во општините, а СДСМ одлуките за кандидатите ќе ги носи откако ќе го слушне мислењето на граѓаните а конечната одлука за кандидатите на СДСМ за престојните локални избори ке ги донесат органите на партијата.