ЗАЕВ УПАТИ КРИТИКА КОН НАШАТА ДИЈАСПОРА: НА ФБ СЕ УДАРАТЕ ВО ГРАДИ КОЛКАВИ ПАТРИОТИ СТЕ, А ВЕ МРЗИ ДА СЕ ПОПИШЕТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ

0
1526

Кога треба да се чукаме во градите колку сме патриоти, тогаш правиме сѐ што треба, а кога треба да го направиме првиот вистински патриотски чекор кон државата и да се попишеме, тогаш ќе бараме мал милион изговори, вели премиерот.

Нема да има одложување на пописот, изјави денеска премерот Заев и апелираше сите граѓани да учествуваат во оваа статистичка операција и да ја исполнат граѓанската обврска кон државата. Според него, одложувањето е беспредметно, затоа што, како што истакна, никој не може да гарантира дали наесен или следната пролет состојбата со пандемијата нема да биде иста како сега.

  • „Сега нормално самата пандемија е проблематична тоа не значи дека треба да се откажеме од пописот. Ако сега се откажеме следуваат есента избори, пролетта никој не може да гарантира дека нема да биде иста со бројки како сега, така што треба сите да ја преземеме одговорноста. Апелирам до сите да се попишеме затоа што на тој начин ја исполнуваме граѓанската одговорност кон нашата татковина“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на велешки „Брако“.