Македонската нација има потреба од човек кој ќе ги разбира проблемите на етничките заедници, заедно со него да ги решаваат но не и да ги продлабочуваат како што е лошиот пример со премиерот Груевски. Зоран Заев како лидер на најголемата опозициска партија и обединета опозиција има должност да го брани меѓуетничкиот карактер на државата, кога веќе се е срушено од бандата криминална на власт на чело со фамилијата и Груевски.
Мојот став се темели врз мултиетничкиот карактер на државата, Македонија има потенцијал и има волја да го покаже народот сплотен и мултиетнички организиран пред европските и светски организации. Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто при гостувањето во емисијата „Jeta në Kosovë” која се емитува на косовската телевизија РТК1.
Зоран Заев неможе и не треба да даде една изјава од позиција на претседател на опозиција а да даде друга изјава како премиер на државата, токму затоа изјавата околу изучувањето на јазикот која ја изјави за РТК1 треба да се цени бидејќи тоа е искрена изјава со јасно видливи намери за иднината на државата а не заткулисни и намери скриени под тепих како оние на премиерот Груевски во снимките каде албанците се нарекуваат со “шиптари” , тоа дека се племе и индијанци како и повикот за расчистување со албанците со војна од страна на Протуѓер. Исто така кај политичарите во Македонија досега не е да имаат до овој степен искрени одговори за вака чувствителни прашања за нацијата и мултиетничкиот карактер на државата па затоа и логично е одреден кус период да има реакции по тоа.
Заев мора да даде искрена шанса за нов почеток на сите, кога веќе се е урнисано од владејачката албанофобска гарнитура која сака војна во Македонија. Албанскиот јазик треба да е опција во процесот на учење и секое дете да може да го избере по негова волја, и тоа посебно во мешаните средини во Македонија. Децата кои живеат тука во Македонија кои се од албанска, турска и друга националност е убаво да ја знаат традицијата на македонецот и обратно, македонските деца да ја знаат и другата традиција на другите етнички заедници, сепак е ова мултиетничка Македонија, наша држава, не на Груевски, Мијалков и Протуѓер, бандата која сака да се лее крв помеѓу етничките заедници.
Така е и опцијата со јазикот, така што токму сега е вистинскиот момент да направиме граѓанска перспективна земја со добра иднина за сите подеднакво, затоа што само така ќе си ја спасиме и сочуваме државата но и нацијата, за подобро утре, за перспективна и европска, мултиетничка и економски стабилна држава.
Рубин Иваноски – главен и одговорен уредник на порталот Народен Глас