Заев со словенечкиот амбасадор: Kреаторот на кризата не смее да ја води преодната влада

0
950

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Словенија во Македонија, Бранко Раковец, со кого разговарал за шансите за продолжување на разговорите од Брисел и можностите за решавање на политичката криза во Македонија низ дијалог.

Sredba-Zaev-Rakovec-540x303

Пренесена е загриженост за длабоката политичка и државна криза во Македонија, на којашто почнува да се гледа како на голем ризик за земјата и регионот.

– СДСМ е ориентирана кон изнаоѓање решение по мирен пат и утврдува чекори што ќе бидат импут во таа насока. Она што е неопходно е Владата што треба да ги организира следните избори во Македонија да не ја води креаторот на кризата и да се утврдат контролни механизми што ќе спречат натамошни злоупотреби и криминални активности во предизборни цели – рекол Заев, кој изразил надеж дека и другата страна во разговорите ја сфаќа сериозноста на ситуацијата и ќе се постави соодветно на неа.

Претседателот на СДСМ објаснил дека преодната Влада отвора можности за справување со сите нотирани критични области во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР и ЕК, како што се разделувањето држава – партија, независни институции, ослободено судство и медиуми од контролата на власта, што ќе биде и значаен исчекор во европските перспективи.

– Опозицијата веќе разгледува алтернативни демократски механизми што ќе ги употреби кон целта – слободна и демократска Македонија, доколку во следните 10-тина дена нема разговори и договор за начинот на разврска на кризата – рекол Заев на денешната средба со амбасадорот Раковец.