Заев со порака до лидерот на ДПМНЕ: ЕДНАШ БАНДИТ – СЕКОГАШ БАНДИТ, од плати не се станува газда на хидроцентрали, бандитска работа – секој што се огрешил да одговара, кај нас нема ни бесење ни стрелање, затвор е казната

0
1598

Бандитска работа, советник бил на Груевски, про боно, па не бил про-боно, видовме за пари работел, башка паралелно правел конструкции за да дава дозволи за хидроцентрали и за сите други енергетски согласности, и од тука доаѓаат парите. 7-8 посто од толку хидроцентрали се огромни пари, од плати не се станува газда на хидроцентрали.

И тој мисли сега ако ги продаде ќе ги затвори трагите, не, секој што си се огрешил треба да си одговара, и рековме кај нас нема ни бесење, ни стрелање, затвор е казната, рече премиерот Зоран Заев на денешната партиска трибина на СДСМ во Куманово, одговарајќи на прашање на граѓанка.