ЗАЕВ СО ИЗЈАВА КОЈА СМЕ ЈА ЧУЛЕ ВО КУЛТНИОТ ФИЛМ КУМ: МУ ДАДОВМЕ НА МИЈАЛКОВ ПОНУДА КОЈА НЕ МОЖЕШЕ ДА ЈА ОДБИЕ!

0
2314

„Брзата мобилизација и координација дадоа резултат и ги елиминираа сите пропусти. Им благодарам на сите надлежни министерства, на институциите, како и на Обвинителството и Судот. Сакам да нагласам дека пријавувањето не Мијалков не треба да се смета како олеснителна околност. Да не се заборави дека Мијалков првично избега и не беше достапен на органите на прогон. Останува да се истражи како се случи бегството. Ве гледам во очи и ви кажувам дека компропмис за криминал нема и дека секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Потрагата беше пуштена насекаде, затворени беа влезовите и излезите на Скопје, контролирани беа и границите. Инструкциите уште рано наутро беа дадени и сите институции го дадоа својот максимум. Паднаа сериозни наредби, поставени беа жолти ленти на ‘Мериот’ и на други имот со кој тој располага. Немаше закани, секој постапуваше според своите надлежности. Веднаш се виде дека овде нема отстапки. Тој сигурно требаше да се замисли што прави, каков ризик му прави на семејството”, изјави премиерот Заев.

Тој додаде дека денес за се што било преземено имало презентација на прес-конференцијата на МВР И дека биле координирани сите институции и била преземена акција и резултатот е тоа што се случи денес попладне, односно Мијалков самиот се пријави во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Премиерот одговараше на многу прашања од новинарите преку кои беше изразувано сомневање дека станува збор за успешна акција на институциите. Заев одговараше на секое прашање, тврдеше дека е постапувано согласно законските прописи, со консултирање на правни акти, за да не се погреши во некој чекор.

Нагласи дека не е точно дека системот во изминатите два дена покажал неуспешност.

„И други можат да избегаат од полицијата и да се сокријат некаде 40 часа. Можеби и во куќа кај соседот. Но на крајот, ако имате организирани институции, нема каде да се избега. Ние бевме од почетокот, кога се дозна дека не се успеало да му биде врачено на Мијалков решението, организирани и заседававме. Можеби мене, а не него, температурата ми била покачена на 40 степени. Но, еве излегувам пред вас и соопштувам дека активностите биле успешни. Проблемот останува во делот на бегството на Никола Груевски и тој случај не е завршен“, рече Заев.

Според Заев, земјата се движи во добра насока. Имаше режим, но еве, за три години некои од битните предмети на СЈО се пред завршница, рече тој.

На некои од новинарските прашања одговори дека опозиционата ВМРО-ДПМНЕ и во врска со случајот на Мијалков покажала недговорност со цел да се напаѓа власта и да се бараат избори. Заев ја повика опозицијата на консензус во врска со стратегиските прашања – наместо блокада со амандмани, да се дојде до договори за изградба на нов клинички центар, или за откупот на тутунот.