Заев : Сите украдени пари ќе бидат одземени и вратени на граѓаните

0
1810

Ништо не е за чудење што доаѓа од Никола Груевски и неговите соработници во криминалното владеење. Ако тој нанел толку многу зла на граѓаните, за тоа слушна не само домашната јавност туку и цел свет, и, и покрај тоа, тој се обидува дури и граѓаните да ги направи негови соучесници – што повеќе и може да се очекува?

Zaev-za-Revolutsioner-3-1-685x320

Видовте вчера, како без ни малку срам и совест рече дека прифатил предвремени парламентарни избори затоа што одлучил да побара „интервенција од народот“. Тој, кој го потцени, згази, соголи до сува корка леб сопствениот народ, сака да создаде перцепција во јавноста дека се’ уште тој одлучува за животите на граѓаните.

Но, јас знам дека и нему му е јасно, дека тоа повеќе не е така и затоа го охрабрувам да го повлече чекорот, да се повлече и да ги ослободи и граѓаните, и Македонија, а и себе си од оваа голгота што самиот си ја приреди, а ги вовлече во страдање народот и државата, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за порталот Револуционер.

Тој во интервјуто кажа дека Али Ахмети е формален партнер на Никола Груевски, Мендух Тачи е неформален партнер, но неговата сервилност кон Груевски и кон Мијалков ја покажаа и снимките во проектот Вистината за Македонија.

– Оттаму, фактичката состојба на масата е 1:3. Но јас би рекол Заев и правдата на една страна, а Груевски и неговите два партнера ДУИ и ДПА на друга страна, вели Заев за односот на силите на преговорачката маса.

Лидерот на СДСМ, за односот на Љубчо Георгиевски кој не го поддржа притестот на 17-ти мај, рече дека секој има право да го направи тоа што мисли дека е правилно.

– Љубчо Георгиевски изгледа си го направил својот избор. За причините, тој си знае, најдобро би било со него да поразговарате за тоа, одговори Заев.

Тој посочува дека правосудството е тоа коешто ќе каже кој го пречекорил законот и треба да понесе одговорност.

– Што се однесува до одземените пари, ќе ги обезбедиме сите потребни чекори тие да се вратат на оние на кои им припаѓаат, граѓаните на Република Македонија. Во врска со вашето конкретно прашање, не верувам дека која било друга наредна власт ќе се осмели да им го направи и на граѓаните и на Македонија ова што им го направила оваа тесна група на власт. Но, да, бидете сигурни, СДСМ никогаш нема да ги направи злоделата на оваа власт, ниту ќе стори нешто со што ќе ги повреди граѓаните и Република Македонија. Тие се за нас света должност и со заеднички сили, низ еден отворен, транспарентен начин на водење на државата, заедно ќе ги утврдуваме чекорите кон подобра иднина за сегашните и за идните генерации, рече Заев.