Заев се сретна со Хан: Подобро е што побргу да се реализира договореното

0
1137

zaev-han

Денеска со еврокомесарот за проширување, разговаравме за темите како што се избирачкиот список, изборното законодавство, реформи во судството, слобода на медиуми, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со Јоханес Хан, во ЕУ Инфоцентарот.

– Драго ми е што ЕУ наметнува конкретни термини за реализација на договореното. Ние сметаме дека е подобро што побргу да се реализира тоа што го дефиниравме – изјави Заев.

Хан имаше средба и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој по средбата изјави дека 6 октомври е датумот до кој треба да бидат завршени преговорите поврзани со прашања за изборите.

Тачи објасни дека неговата партија предложила да не се прави активна регистрација на гласачите, туку пред гласањето да се остава отпечаток од прст.

– Тоа ќе помогне да се избегнат манипулации со гласовите, а тоа наиде на одобрување од Хан – изјави Тачи.