ЗАЕВ ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ТЕПА ВМРОВЦИТЕ – Заев : Во договорот со Бугарија нема дилема дека се работи за две држави, два народи, два јазика!

0
2682

Договорот е основа за добрососедство и за пријателство, двете држави во иднина ќе работат за заемен успех и тој е добар за националните интереси на Република Македонија, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на затворената седница на собраниската Комисија за надворешна политика, на која тој го презентираше нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија.

– Со договорот, Владата уште еднаш ја афирмира посебноста на македонскиот народ, македонскиот јазик и на македонскиот идентитет. Во договорот нема дилеми дека се работи за две држави, два народи, два јазика. Со договорот се отвораат нови перспективи на соработка со соседите и на забрзување на процесот на интеграции во Европската Унија и во НАТО. Реткост се вакви договори помеѓу две држави без посредство на големите сили – вели Заев, кој очекува договорот да биде потпишан до 1 август.

Заев додаде дека состанокот претставувал можност тој и неговите советници да добијат сугестии од власта и од опозицијата во Собранието во врска со документот и додаде дека додека не се стави потпис на договорот, сите опции се отворени.

Договорот, како што кажа, ќе помогне за поврзување на патната и на гасната инфраструктура помеѓу Македонија и Бугарија, ќе се унапредат размената на стоки, услуги и капитал, ќе се даде јак импулс на изградба на Коридорот 8 за што на самитот во Трст Македонија доби грант од 70 милиони евра, а ќе има царински и гранични олеснувања. Постојните гранични премини ќе се реновираат, а македонската влада, како што рече, ќе бара и нов граничен премин кај Берово.

– Заедно ќе ја спречуваме недобронамерната пропаганда во двете земји, заедно ќе бидеме против говорот на омраза и заедно ќе го поразиме национализамот. Република Бугарија цврсто го поддржува приемот на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, без да нè условува на решавање на спорот за името. Ќе ни ги пренесе сите искуства со ЕУ-интеграциите, особено во делот на прибирање на средствата – додаде Заев.