На средбата беше дискутирано за глобалната закана од пандемијата со коронавирусот, последиците од неа врз економијата, како и демократските процеси во Република Северна Македонија и претстојните парламентарни избори.
Од страна на претседателот Заев беше истакнато дека сите капацитети на државата, на општеството, но и на СДСМ како одговорна партија се ставени во заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширењето на вирусот, како највисок приоритет.
Покрај обезбедување на здравјето, додаде Заев дејствувањето на СДСМ е фокусирано и на изнаоѓање мерки и политики кои имаат за цел да ги санираат економските последици од коронавирусот економијата и да создадат нова, брза економија со интензивен раст за побрзо надминување на кризата.
Претседателот Заев посочи дека СДСМ и преку Владата и преку институциите во кои е дел е посветена на градење на силна демократија, со силни и капацитетни институции, и оттаму во ситуација кога државата е без Собрание и со преодна Влада, дополнително се наметнува потребата од одржување избори штом пандемијата спласна.
Од страна на амбасадорката Галовеј беше поздравен високиот степен на транспарентност и отвореност на институциите за време на пандемијата, како и нивната посветеност во борба со здравствените закани од коронавирусот.