Заев: Предлогот за Влада најверојатно утре

0
901
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека ќе го поднесе предлог составот на новата влада и програмата за нејзина работа веднаш штом биде утврден бројот на потпретседатели на Собранието, најверојатно утре изутрина.

Заев во изјава за ТВ21 вели дека очекува денеска да се утврди бројот на потпретседатели на парламентот и да се верифицираат мандатите на пратениците кои влегуваат на местата на оние пратеници кои излегуваат од Парламентот поради други функции во изршната власт.

– Кога ќе заврши оваа процедура, ќе го поднесам предлогот за влада. Денеска до касно ќе трае процедурата за верификација на мандатите, затоа што се најмалку 9 одлуки. Веројатно утре од сабајле ќе биде поднесен предлогот за влада. Потоа следуваат неколку дена пратениците да се запознаат со владината програма и автобиографијата на кандидатите за министри, изјави Заев.