Заев повторно го повикува Судскиот совет: Ајде кажете ни зошто неколку десетици предмети се чувале во фиоките?

0
1132

Премиерот Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук го повика Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на некои предмети.

„Ајде кажете ни кој тоа влијае врз судиите, зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?“, наведува Заев во објавата.

Тој натаму потенцира дека нема да има компромис со криминалот.

„Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес! Нема шанси! На овој наш пат треба да ја завршиме и борбата за правдата!“, додава премиерот во објавата на Фејсбук.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев вчера изјави дека контролата на работата на судиите треба да се изврши согласно Уставот на земјата и важечките закони за судови и за Судскиот совет.

Според Здравев, Судскиот совет годинава побарал одговорност од дури 75 судии, за разлика од лани и во 2017 година кога имало десетина барања.

За повиците прочистувањето на правосудните органи да почне токму од Судскиот совет, Здравев вели дека не ги доживува како притисок врз судската власт