ЗАЕВ ПОБАРА ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ВО ,,ШУТКА” : Директорот на Шутка да си поднесе оставка веднаш затоа што дозволил двете групи да се спојат, требало да претпостави дека ќе има инцидент!

0
1047

Премиерот го осуди самиот чин и наведе дека без разлика на тоа кој е виновен за инцидентите, тој побарал одговорност од директорот. Оставката тој ја очекува најдоцна до понеделник.

Зад ваквата одлука застанала и министерката за правда Рената Десковска.

„Случајот заслужува и ќе има истрага. Треба да се види дали и каде е направен пропуст. Мора да има одговорност кој дозволил да има близок контакт меѓу овие две групи, без разлика дали тоа е вообичаена пракса или не. Во конкретнава ситуација треба да се прави проценка за одредени ризици“, изјави министерката Дескоска.

Таа смета дека доколку имало и физички напад и контакт, има простор истрага да поведе и јавен обвинител, а со случајот може да се занимава и Народниот правобранител.