Заев побара од Лидија Димова веднаш да образложи како се трошат европските пари

0
1715

Откако јавноста беше зачудена дека еден фризерски салон во Скопје добил 270.000 евра европски пари од програмата „Еразмус+“ премиерот Зоран Заев побара од директорката на Националната агенција, Лидија Димова, да објасни на кој начин се делени тие пари и врз основа на кои критериуми. Во изјавата за „А1он“ Заев бара од Димова на прес-конференција да ги објави сите детали окиолу доделувањето на овие големи средства.

„Јас нема да дозволам никаков сомнеж ниту евентуални злоупотреби. Затоа ја повикувам директорката на Агенцијата, Лидија Димова, веднаш да излезе и на прес-конференција да ги презентира целосно транспарентно сите детали во врска со начинот на распределба на средства од европските фондови наменети за образование и млади. Димова целосно и прецизно треба да ги адресира прашањата на кои реагира јавноста и за кои се јавува сомнежот“, вели Заев за „А1он“. Тој, исто така, ги повика надлежните институции да ја проверат работата на Националната агенција.

Она што беше зачудувачки е дека фирмата „В.Е.З. Трејд“ која регистрирала основна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, ги добивала европските пари за да врши едукација. Сопственикот на фризерницата вршел едукативни обуки и за тоа му биле исплаќани пари од Националната агенција. Но какви и да биле тие обуки доделените средства се огромни.