Ахмети и Заев се договорија за заеднички кандидат. Ова лидерот на ДУИ го кажа на својот фејсбук профил.
-Само што ја завршив средбата со Зоран, претседателот на СДСМ со кого се договоривме да поддржиме заеднички кандидат за претседател на Република Северна Македонија. Изразувам убедување дека овој концепт ќе доби апсолутното мнозинство на нашите граѓани, рече Ахмети.