Заев: Очекувам лидерска средба на 31 август и избори во декември

0
1223

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак, разговарал за актуелната политичка ситуација во земјата и за преземените обврски за регуларни избори.

– Очекувам секој да биде на ниво на задачата, на 31 август да се одржи лидерската средба на која ќе утврдиме дека во декември ќе се одржат следните предвремени парламентарни избори во Македонија – рекол Заев.

Заев соопштил дека според расположението на терен и анкетите, граѓаните на следните избори одговорноста да ја води државата ќе им ја дадат на Социјалдемократскиот сојуз и на опозицијата.

– СДСМ е постојано на терен, ги знаеме сите проблеми во државата и имаме конкретни, реални и одржливи мерки како да обезбедиме добар животот за луѓето и перспектива за земјата. Со голем дел од нив, граѓаните веќе се запознаени и даваат безрезервна поддршка на промените што ќе се случат – изјавил Заев.

Амбасадорот Безак, како претставник на земјата која сега претседава со Европската Унија, изразил надеж за демократски избори во Македонија што ќе донесат демократски прогрес на државата кон ЕУ.