Заев: Од 2017 година испративме 35 кариерни дипломати за амбасадори и само 5 политички решенија

0
1114

Предлагаме ново законско решение за амбасадори, кое ќе ја штити дипломатската служба во иднина, давајќи предност на кариерните дипломати, објави предмалку премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил.

„Од 2017 досега 87,5 отсто од лицата кои се именувани за амбасадори се кариерни дипломати, 35 од нив се професионални, а само 5 се политички решенија. За споредба, во периодот 2006-2017 година, соодносот помеѓу професионалните и политичките решенија бил 42,3 отсто, или во реалноста 33 кариерни (7 вработени непосредно пред испраќање) и дури 45 политички решенија“, истакна тој.

Премиерот Заев додаде дека во 2014 последните 10 амбасадори кои биле испратени на мисија имаат вкупен стаж од 28 години во МНР, за разлика од последните 10 амбасадори во 2019, кои, според него, имаат вкупен стаж од 214 години во МНР.