Заев од Штип: Со Николов Штип останува во сигурни раце, на 13 декември да гласаме за број 2

0
817

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Чести ми е што денеска сум меѓу штипјани, заедно со нашиот кандидат за градоначалник доктор Сашко Николов.
Од овде, од срцето на македонскиот Исток ве повикувам да излезете и да гласате на 13 декември. Да го дадете вашиот глас за Штип да остане во сигурни раце, со доктор Сашко Николов.
Изборите на 13 декември ќе бидат фер, слободни, демократски и најважно од се, целосно безбедни за здравјето на граѓаните,  за здравјето на сите учесници во изборниот процес.
Доктор Сашко Николов е дел од нашата чесна понуда. Угледен и докажан кардио-хирург, кој целиот свој живот го има посветено на здравјето на граѓаните, а јас би додал и одговорен човек на кој му веруваме.
Убеден сум дека граѓаните го препознаваат тоа.
Како доктор, Сашко докажал дека срцето на многу наши сограѓани може да биде во сигурни раце.
Со Сашко  срцето на македонскиот исток, нашиот, вашиот Штип ќе биде во сигурни раце.
Затоа што Штип заслужува да продолжи со својот развој, да се модернизира и да напредува. А тоа е можно само со доктор Сашко.
Во изминатите три години како партија предводник на локалната и централна власт, покажавме вистинска грижа за Штип, и граѓаните верувам дека тоа го знаат многу добро.
Нова градинка, нов мост по цели 65 години, поставени 12 километри водовод и канализација, реконструкција на 50 улици, како и почеток на реализација на деценискиот сон на штипјани, брана на река Отиња.
Со гордост би споменал и релизирани политики на СДСМ од нашиот концепт за враќање на парите кај граѓаните. За само 3 години ја покачивме минималната плата за 5.500 денари, просечната плата исто така, го решивме проблемот со стечајците, ги зголемивме пензиите за над 700 денари.
Одвоивме нови 470 милиони евра за четвртиот економски пакет за помош на граѓаните и економијата во услови на светска пандемија со Ковид 19. Стотици илјади работни места се спасени и обезбедена е помош за десетици илјади компании.
За Штип како работнички град сетоа ова е многу важно.
Во тек се и бројни капитални проекти, како затворениот базен во Спортско рекреативниот центар Суитлак, нови игралишта, нова трибина на градскиот стадион, а следува и реконструкција на важни улици, реновирање на училишта и градинки.
Овие проекти ќе има чест да ги реализира Николов како иден градоначалник на Општина Штип.
Затоа е важно на 13 декември граѓаните да го искористат своето право на глас, да дадат поддршка на овие проекти, на овие политики важни за градот и за штипјани.
ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски свесни дека ги очекува нов пораз, свесни дека овде во центарот на Истокот немаат ниту соодветно квалитетна понуда, решија да не учествуваат. Со тоа покажаа политичка неодговорност, покажаа дека Штип и штипјани не им се воопшто битни. Избегаа од избори. Затоа остануваат во опозиција уште долго време.
Изборите во Штип се важни за општината да продолжи да работи со целосен легитимитет и  полн мандат од граѓаните, за да продолжи нормалното функционирање, да  продолжат проектите, но и општината да биде целосно капацитетна во справување со последиците од коронавирусот.
Затоа мои штипјани, излезете на 13 декември, гласајте за број два, за д-р Сашко Николов, за Штип да остане во сигурни раце.
Благодарам