ЗАЕВ ОД ОХРИД : ОД 1,6 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ДОЛГ, ДЕНЕСКА ОХРИД Е ПРЕД РАЗДОЛЖУВАЊЕ, ГО ПРЕЗЕМАВМЕ И КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ, А ТОА ЗНАЧИ НАЈДОБРОТО

0
866
Успеавме државата да ја поставиме на патот на напредокот и со тоа создадовме простор силно да се посветиме на општините – за забрзан локален економски развој и напредок на секоја општина. нашата понуда, проектите што ги најавуваме – се сигурни и се реалност, затоа што ние се водиме исклучиво од интересите на државата, на граѓаните и на општините, порача вечерва претседателот Заев вечерва во Охрид.
Осврнувајќи се на досега реализирани проекти, Заев посочи дека центраната власт е целосно посветена на Охрид како една од најважните општини во државата.
„Овде во Охрид, во овој регион се реконструираа бројни патни правци, се инвестираше во нови водоводи и канализации. Покрај сите овие проекти, 500 милиони денари вложивме во Охрид за да му помогнеме да се раздолжи и од 1.6 милијарди денари долг, денеска Охрид е пред целосно раздолжување. Го презедовме Колекторскиот систем, формиравме национално претпријатие Колекторски систем и инвестиравме над четири милиони евра за 2.5 колометри колекторски систем. Тоа е вистинска грижа за Охрид, тоа е одговорен, домаќински пристап кој гарантира развој и напредок.
Претседателот Заев порача дека за Охрид е многу направено, но ќе се направи уште повеќе во следните години.
„Следува уредување на плажите по мерка на граѓаните и туризмот, во солгасност со природата, градот ќе добие функционално решение за неговиот централен и најфреквентен дел а Студенчишко Блато да биде парк на природата. За сето ова да се реализира, потребни ни се луѓе со визија, проевропски луѓе кои се подготвени да работат посветено на Охрид и нивните граѓани. А такви луѓе Константин Георгиевски, Науме Јованоски и останаттите 22 кандидати на советничката листа. Затоа ве повикувам, на 17 октомври да гласате за број 12, да гласате за Најдоброто за Охрид“, порача вечерва претседателот Заев.