Заев: Од каде пари? Ќе вратиме се до денар што украдоа

0
1555

Нашето оружје е нашиот глас. Почитувани потомци на храбрите партизани, и ние се бориме и ќе се избориме за слобода, правда, правичност и еднаквост.

Потребна е свест за заедничката цел, не е време за мали планови, дојде време кое не прозва секој нас поединечно. Дојде време да и дадеме ветување на Република Македонија, во име на сите кои ги дадоа животите за нас, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во говорот пред сите што се приклучија на маршот.

Затоа беше важен овој граѓански марш кој ја покажува нашата одлучност, марширавме за враќање на државата во наши раце, од рацете на фамилијата, за враќање на парите , ќе вратиме се до денар, се што украдоа, се ќе вратиме, рече Заев.

Денес марширавме за достоинствени плати од кои ќе се живее, за заштитени работници, за силни мали претпријатија. Од каде пари? Од таму пари, ќе ги вратат украдените пари, има се да вратат.

11 октомври, денот на народното востание, испишуваме историја, рушиме режим отвораме пат на животот.
Денешниот марш, нашиот марш е нашиот марш на нашиот глас, овој марш најавува дека победува граѓанска република Македонија, рече Заев пред присутните.

Извор : А1он