Заев од Битола: Ниту сум велепредавник, ниту сум херој, херои сте вие почитуван народе!

0
1275

10306074_10206289522225911_5238317001470109258_n1-540x405

„Зоран Заев не е велепредавник. Зоран Заев ниту сака да биде прогласен за херој. Херои сте вие почитуван народе. Вие заедно со нас застанавте на браникот на татковината кога тоа е потребно, кога нашиот политички опонент и непријател на државата , со сите инструменти и механизми се обидува до крај да ја дотолчи нашата држава. Ова веќе не е политичка битка помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ , ова е борба на целиот слободарски народ со врхушката на власта и во оваа битка сите заедно мораме да успееме – рече Заев пред битолчани по вечерашниот марш на улиците на овој град, јави Мета.

bitola1-540x405

Токму на овие зборови на само неколку метри од бината на која зборуваше лидерот на опозицијата некој се обиде да исценира инцидент. Се слушаа гласови „тепачка, тепачка“. Но обезбедувањето на СДСМ ја смири ситуација. Остана нејасно дали инцидентот го направија членови или симпатизери на опозицијата или пак политички опоненти.

bt 4

На маршот бурно се реагираше на секое споменување на името на Груевски и неговите блиски соработници, особено на забелешката на Заев дека битолчани имаат интересен збор за човек кој се има изгубено во времето и просторот – зборот е загоритенџере, таков е Никола Груевски, рече тој.

bt 3

Инаку во контекст на обидот на власта Заев да биде прогласен за велепредавник, опозицискиот лидер рече дека Груевски ги втурнал во криминал една рака на поддржувачи за поднесување на кривична пријава за велепредавство против него. Но, како што рече зошто Груевски или Јанкулоска не му поднесат кривична пријава.

11115671_1073062836039730_7555654461282212952_n1-540x304

– Ставањето на потпис за велепредавство е истовремено доказ за лажно пријавување. Не го слушајте Груевски – рече Заев продолжувајќи со рекапитулација за она што досега го направил Груевски со прислушувањето на граѓаните и за содржината на објавените „бомби“.

Остар говор против власта пред битолчани имаше и лидерот на ЛДП Горан Милевски, кој најави беспоштедна битка со криминалот и тоа од првиот ден на доаѓањето на преодната влада во државата.

– Преодната влада на најкорумпираните ќе им го преиспита работењето и ќе мора да им го конфискува незаконски стекнатиот имот – рече Милевски.

Критикувајќи ја локалната власт во Битола, пак рече дека дури и битолскиот генијалец, Владимир Талески ќе биде испратен онаму каде што му е местото.

– Битола со преодната влада ќе добие в.д градоначалник. Ќе го исправиме онаму каде што му е местото, за да може подобро да го гледа кружниот тек, рече Милевски алудирајќи на затворот „Црн мост“ во Битола.