Заев: Не мислам дека договорот со Бугарија е грешка туку историски договор со сосед

0
953

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски рече дека не се согласува со ставовите на премиерот и дека со Договорот му се дала шанса на Бугарија да ја уценува државата на патот кон ЕУ.

Ни тогаш ни сега, не мислев и не мислам дека е грешка донесувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, напротив мислам дека е историски чин да постигнете договор со сосед. „Заедничката историја“ е сериозна формулација за градење иднина, порача премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

„Не мислам дека е грешка туку дека е исклучително исправно да се склучуваат договори кои ќе донесат решенија кои што ќе го гарантираат нашиот пат до ЕУ и преку кои ќе градиме пријателство. Идентиетот и јазикот никогаш не биле на маса на преговори и нема ни да бидат. Тоа е наше право на самоопределување и очекувам Бугарија да направи чисто признавање на македонскиот народ и јазик без било какви резерви. Историската комисија е таа што треба да бара решение. Тие се доволно едуцирани, експерти и верувам ќе најдат решениа за сите предизвици“, рече Заев.

Тој посочи дека Бугарија направи катастрофална грешка, но дека евентуално поништување на договорот, како што рече, ќе ја врати државата во балканското сивило без било каква перспектива и надеж.

Повтори дека за македонскиот идентитет и јазик не се преговара.

„Секогаш во постигнвањето на договорите сме воделе грижа за македонскиот идентите и јазик кој е нашата светост и никој нема право да посегнува по тоа и сите земји членки на ЕУ имаат разбирање за разумноста на тоа. Слушавме како тој викенд се крчмела Македонија се виде дека не е точно. Сите шпекуации за бизснис интереси не се точни. Секако и бугарската и македонската страна очекува да растат инвестициите во двете земји, затоа што отвораат работни места. Дефинитивно низ пријателство сто отсто водејќи грижа за националните интереси можеме да успееме. Очекувам дека идните политики во разумни периоди надвор од изборни активности ќе донесат решение затоа што и Бугарија и С Македонија имаат интерес да напредуваат низ дијалог и да градат подобри околности за сите нас“,рече Заев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски рече дека не се согласува со ставовите на премиерот и дека со Договорот му се дала шанса на Бугарија да ја уценува државата на патот кон ЕУ.

„ Добро е да има договори, но многу е важно какви ќе бидат. Не договори по секоја цена, туку договори кои ќе бидат во интерес на Македонија. Мислам дека е огромна грешка во Договор од којшто директно зависи перспективата за ЕУ да се стави историска комисија односно ас во рака на Бугарија да ја блокира Македонија за да можат да речат комисиите не напредуваат во тие прашања. Тоа е асполутна грешка. Друго е да одиме на некои научни симпозиуми и да разговараме, но не да го ставите во договор и директно од тоа да зависи иднината на државата. Не се сложувам дека двете земји имаат иста историја – таму не пишува двата народи, не пишува кои народи што отвора голем простор за манипулации од другата страна“,рече Николовски.