ЗАЕВ НА ТЕЛМА: Ако има предвремени избори, СДСМ ќе победи, ама Македонија ќе изгуби време за реформи, интеграции, ќе нема раст на економијата, се ќе се стопира, не е тоа добро за земјата

0
1437

– Ги знаеме анкетите и ситуацијата на теренот, ако има предвремени избори ќе го прегазиме ВМРО ДПМНЕ, но Македонија ќе изгуби затоа што се ќе застане, и економија и реформи и интеграции, а зошто ни е тоа, ние во СДСМ не сме себични, ние треба да мислиме на народот, народот чека резултати, чека повисоки плати, чела нови работни места, чека нови школи и улици и водоводи и гасоводи, но сепак да оставиме да видиме како ќе се одвиваат работите, ние ќе настојуваме по секоја цена да нема избори, но во политиката никогаш не се знае како ќе бидат работите…

Премиерот Заев на Телма.