ЗАЕВ НА СРЕД ВЕЛИГДЕН ВО БЕРЛИН НА РАБОТНА СРЕДБА СО МОГЕРИНИ БАРА ПОДДРШКА ЗА ЧЛЕНСТВО НА ДРЖАВАТА ВО НАТО И ЕУ

0
1327

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев во чиј состав се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, на маргините на Конференцијата на шефови на држави и влади за Западен Балкан, денеска во Берлин одржа работен состанок со потпретседателка на Европска комисија и висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

Договорот од Преспа, за време на разговорот беше потенциран како успешен пример и одлична вест која регионот ја испраќа кон Европа, а беше потенцирано и дека денешната Конференција, меѓу другото, има цел да ги слави придобивките за регионот од Договорот. 

На средбата беше поздравен успешниот прв круг од демократски спроведените претседателски избори и беа изразени уверувања дека постојат услови за успешен втор круг и за исполнување на потребниот цензус за вториот круг.

Премиерот Заев и високата претставничка Могерини се согласија дека за стабилноста на регионот и особено за придобивките на граѓаните на Северна Македонија и на Грција после Договорот од Преспа, неопходно е земјата да биде поддржана и да продолжи уште побрзо на патот кон очекуваната европска интеграција.

Како позитивен резултат на полето на внатрешната интеграција на Северна Македонија беше потенциран воспоставениот политички дијалог меѓу власта и опозицијата за време на носењето на уставните измени за Договорот од Преспа, како и за реформските закони со кои се подобрува работењето на институциите и се воспоставуваат европски стандарди во земјата.