Заев: МРТВ мора да биде независна, не сакаме пазарење

0
1022

МРТВ мора да биде независна, не сакаме пазарење, овој канал за владата, овој за опозицијата, вели во интервју за неделникот „Фокус“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Pretsedatel Zaev 1

Запрашан за решението кое се споменуваше во јавноста, првиот канал да остане како што е, а да се ослободи нов канал и да се даде на опозицијата, или на слободоумната јавност, Заев, вели дека не сакал такво пазарење.

„Не, ние сакаме МРТВ за Македонија да биде како ХТВ за Хрватите. Јас прифаќам критика и кога сум опозиција, а уште повеќе ќе ме радува ако ја имам како власт. Не сакаме пазарење, овој канал за владата, овој за опозицијата. Не, МРТВ треба да биде целосно независен медиум што ќе ја одигра својата клучна улога на коректор. Нема да има пазарење, МРТВ мора да понуди простор, не само за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, туку за сите, и аналитичари и експерти и помали партии. Мора да биде непристрасен медиум, за сите партиципиенти во опшетството“, вели Заев за „Фокус“.

Целото интервју на Заев во кое детално зборува за улогата на медиумите и начините како да се стигне до тоа, преку системски и персонални промени во Агенцијата за медиуми и МРТВ, можете да го прочитате во новото издание на „Фокус“.