Заев: Можам да коалицирам со сите, Мицкоски не може поради национализмот

0
1180

Разговарам со сите политички партии што ќе настапат на избори, јас сум добар пријател со сите и верувам дека ќе го направиме најдоброто што може, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој истакна дека може да коалицира со секого, но, како што рече, најважно е дали граѓаните тоа ќе го препознаат и вреднуваат.

-Претстои период на разговори коишто следуваат со сите наши стандардни коалициони партнери. Нормално, разговараме и со други политички партии кои досега не настапувале заедно со нас, а ќе настапат на овие избори – рече Заев.

Тој го спомена и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, кој, според Заев, нема коалициски потенцијал поради национализмот што го промовира.

– Јас сум добар пријател со сите, мојот политички субјект што го водам е пријател со сите, соработувам со сите. Господин Мицкоски, за негова жал, не може ни да помисли на соработка заради национализмот којшто го негува. Ние ќе победиме на овие избори и нема да оставиме некој повторно да ја внесе во кал или проблеми нашата земја – порача екс премиерот.