ЗАЕВ: Мај е месец за подигнување на јавната свест за заштита од ракот на кожа, aко се открие навреме, третманот може да биде успешен

0
1321

Мај е месец за подигнување на јавната свест за заштита од ракот на кожа. Ако се открие навреме, третманот може да биде успешен. Меланомот или ракот на кожа може најлесно да се превенира, а неговата појава може да се спречи со менување на навиките и одбегнување на директна изложеност на сонце.

Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија, утре (28.05) со почеток во 12:00 часот, во Амфитеатарот на Деканат на Медицински Факултет (свечена сала), организираат трибина на тема: „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином – ракот на кожата“, на која ќе се обратат министерот Венко Филипче и директорката д-р Софија Пејкова, а учесници на трибината ќе бидат повеќе истакнати доктори.

#АктивирајСе, да ги дознаеме фактите, да ја заштитиме кожата и да го зачуваме нашето здравје. Превенцијата и раното откривање се клучни фактори за намалување на смртноста од него. #SkinCancerAwarenessMonth

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/359167611271168/