Заев : Лозари, од пратениците на опозицијата ви зависи кога ќе ја добиете ветената помош од државата за грозјето

0
878

Премиерот Зоран Заев ја информира јавноста дека пратениците од опозицијата со апсурдни амандмани ја кочат работата на Собранието каде треба да се изгласа помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители и други категории на граѓани.

„Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата.

Еве го односот на Мицкоски и дел од пратениците од опозицијата кои дејствуваат по неговите опасни насоки. Ова е срамна непочит кон македонските граѓани.

Уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани“.

sdsm.org.mk/pres-konferencii/18912

Поддршката предвидува шест денари за килограм винско грозје со максимум 18 отсто шекерни единици предадено во регистрирани винарници од 15 август 2020 година до 31 октомври 2020 година и наменето за производи од грозје и вински дестилат, два денара за килограм винско грозје предадено кај регистриран откупувач од 15 август до 31 октомври 2020 за производство на вино или за извоз на винско грозје30 проценти поддршка за транспортни трошоци за извезено вино во шишиња од 1 јануари до 31 октомври 2020, 20 отсто поддршка за транспортни трошоци за извезено наливно вино од 1 јануари до 31 октомври 2020, како и поддршка за извезено винско грозје од 15 август до 31 октомври 2020 (два денара за килограм за количини до 12 милиони килограми, три денари за количини од 12 до 25 милиони килограми и четири денари за количини над 25 милиони килограми).

Максималната поддршка што може еден корисник да ја оствари согласно законот изнесува 18.450.000 денари. Овој износ ја вклучува и финансиската подршка што корисникот ќе ја добие согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

Предлог-текстот денеска треба да биде разгледан и од Законодавно-правната комисија, од каде потоа, ако биде усвоен, ќе се стави на дневен ред на пленарна седница.