Заев кон дијаспората: Бидете креативни, создавајте бизниси, дојдете дома да им овозможиме на младите напредок а не само да зборите колку ги сакате Македонија и името!

0
1058

За задржување на младите во државата и вложување на нивните потенцијали во економскиот развој во државата, премиерот Зоран Заев на Самит Македонија 2025 порача дека може да помогне и дијаспората.

-Ве повикувам низ оваа иницијатива и низ секој можен поставен канал да ги поддржите нашите граѓани, а посено младите да разберат дека и овде дома се може. Низ серијата политики што ги креиравме треба да испратиме заедничка порака дека ние сме подготвени да бидеме економски хаб овде во Европа, рече Заев.

Како што потенцираше, Владата постојано работи на креирање на политики кои на нашата бизнис дијаспора ќе и го олеснат простапот до крирање нови работни места, а нивниот капитал да го донесат во својата татковина. Осврнувајќи се на можностите за нови инвестиции и севкупен развој на државата премиерот упати на можностите од владиниот План за економски раст, позитивните параметри за економската состојба и новите можности што се отвораат со регионалните инцијативи и членството во НАТО.

– Бидете креативни создавајте бизниси, дојдете дома да им овозможиме на младите напредок, рече Заев.