Заев: Коалиција со Груевски е коалиција за режим и диктатура

0
1342

Евентуалното коалицирање со Никола Груевски е коалиција за режим и диктатура, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција. Тој им порача на лидерите на партиите кои влегоа во парламентот да ја почитуваат јасната волја на мнозинството граѓани за промени.

„Посебна одговорност имаа лидерите на партиите кои не смеат да помислат заради финансиски и коруптивни понуди или водени од лични или теснопартиски интереси да не ја испочитуваат волјата на граѓаните. Сакам да биде јасно за сите партии кои имаат пратеници во Парламентот, дека евентуална коалиција со Груевски значи коалиција за режим и диктатура. Никој нема право да подржи диктатура спротивно на волјата на гласачите. Граѓаните јасно го отфрлија режимот и се определија за демократска иднина на Македонија.“

Заев на новинарските прашања не одговори прецизно дали веќе разговарал со други партии за формирање влада, но рече дека исходот од прегласувањето во Теарце, нема да влијае на тоа кој ќе ја формира Владата.

Денешната прес конфренеција беше одржана по повод годишнина од настаните на 24 декември 2012 кога опозицијата и новинарите беа насилно исфрлени од Парламентот за владејачкото мнозинство да го донесе буџетот.