Заев и Шекеринска донираа за плаќање на казните за демонстрантите

0
1369

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседатеката на партијата Радмила Шекеринска донираа пари за плаќање на казните на демонстрантите на „Шарената револуција“, пренесува ТВ21.

Акцијата за собирање донации е организирана во кафулето „Излет“, а донирањето официјално започна во 13 часот и ќе трае до крајот на денот.

Фокусот денеска е ставен на собирање донации за плаќање на казните на демонстрантите од Шарената револуција.

Конкретен лимит на тоа колку пари се потребни нема, бидејќи сѐ уште е неизвесно колку високи ќе бидат казните, а се очекуваат и нови казни.