ЗАЕВ И АХМЕТИ СЕ ЗАПУКАА НА ФЕЈСБУК: АХМЕТИ ВЕЛИ ДЕКА Е ВРЕМЕ ЗА АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР, ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА ТОЈ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР А ДУИ НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА АКО ИНСИСТИРА НА АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР!

0
1157

Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник.

Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат.

Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат, пред сѐ, од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните.

Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години.

Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада.

Фејсбук статус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.