Заев: Искористете го „Викендот без ДДВ“ и купувајте македонски производи или услуги

0
919

Премиерот Зоран Заев денеска ги повика граѓаните да го искористат последниот ден од „Викенд без ДДВ“, за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема.

-Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ (во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка), ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема. Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Заев.