Заев: Им порачуваме на сите партии, освен ВМРО-ДПМНЕ, да не се обидуваат да ја поништат јасно изразената волја за промени на граѓаните, Никола Груевски не смее да формира влада!

0
1533

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека Никола Груевски не смее да формира влада и на сите партиите што влегоа во парламентот, освен ВМРО-ДПМНЕ, им порача да ја почитуваат, како што кажа, јасно изразената волја за промени на граѓаните.

„Заедно поразивме режим, промените продолжуваат. Им порачуваме на сите партии, освен ВМРО-ДПМНЕ, да не се обидуваат да ја поништат јасно изразената волја за промени на граѓаните. Никола Груевски не смее да формира влада“, изјави Заев на денешната прес-конференција.