ЗАЕВ ИМ ОДРЖА ВИСТИНСКА ЛЕКЦИЈА ПО ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ : И „Мамас“ сакаше да аплицира за грант, но не им дозволив, рече Заев од собраниската говорница

0
1837

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, постави прашање до премиерот, Зоран Заев, за одлуките кои Фондот за иновации ги донесе при распределба на грантовите. Како што рече таа, прашањето не го поставува до вицепремеирот, Кочо Анѓушев, затоа што во тој случај има конфликт на интереси и тој не би бил кредибилен да одговори.

Заев рече дека би имало конфликт на интереси доколку во Комисијата која ги доделувала грантовите членувале Анѓушев или пратеникот Хари Локвенец.

-Се работи само за етички аспект, прекршување на законот нема. Јас со моја лична компанија нема да аплицирам, и не аплицираше „Мамас“, компанијата на моето семејство, на двајца мои братучеди. Сакаше да аплицира за фондот, заради тоа што останатите 12 компании за производство на ајвар во Македонија ќе аплицираат и ќе добијат сериозни пари. Ако тоа и понатаму така се случува, „Мамас“ нема да може да се бори со другите компании. И тогаш сум пред одлука дали да се повлечам и да ги тргнам уделите. Значи тука е етничкиот аспект. Треба отворено да зборуваме за да ги отстраниме аномалиите од системот. Во случајов „Мамас“ не аплицирале, а би требало, затоа што критериумите на Фондот се јасно утврдени – рече Заев.

Според него одлуката во случајот со Анѓушев не ја донел самиот тој, туку комерцијалистите во фирмата. Заев ја поздрави реакцијата на Анѓушев да ги повика содружниците да ја повлечат апликацијата.