Заев за хрватски ТРИС: Македонија падна на ниво на хибриден режим

0
848

Пред нас е исклучително важна цел за иднината на Македонија и на македонските граѓани, а тоа е враќање на демократските институции кои веќе речиси десет години се грубо узурпирани од авторитарната и режимска власт на Никола Груевски, затоа што земјата падна на ниво на хибриден режим, вели лидерот на СДСМ, во интервју за независниот портал ТРИС од Хрватска.

– Материјалите за прислушувањето кои ни ги доставија чесни луѓе и професионалци од тајните служби кои веќе не можеле да гледаат што се случува, само го потврдува тоа за што зборувам. Македонското судство е под целосна контрола на власта, исто како и медиумите, а истата состојба е и во националниот радиодифузен сервис. Антикорупциската комисија е под комплетна контрола на власта, а полицијата, инспекциските службни наместо да ги штитат граѓаните, ги штитат интересите на партијата на власт. Тоа го нема во демократските држави – вели Заев.

Тој уверува дека опозицијата нема да дозволи да се одржат уште едни криминални избори во земјава.