Заев за тепањето на Ромите: Срам за полицијата!

0
805

Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи силно го осуди настанот во кој полициски службеници тепаат Роми и порача дека очекува санкции за полицајците за ваквата бруталност.

„Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.
За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот. Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.